Петок е неработен ден - еве кои денови нема да се работат до крајот на годината

Петок е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 Октомври 2013 година, Денот на народното востание, е неработен ден.

МТСП им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

Неработни денови за сите граѓани на Македонија

- 11 Октомври (
петок), Ден на народното востание
- 23 Октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
- 08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден

За граѓаните од католичка веросиповед

25 Декември (среда), првиот ден на Божик 

За граѓаните од муслиманска  вероиспове

15Октомври(вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик  

07.10.2013 - 09:57

најчитано сега