ВМРО-ДПМНЕ: Насилниците и криминалците имаат поддршка од Заев место да се затворат

 

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста за политиките на СДСМ:

- Владата на Заев со секој изминат ден покажа дека прерасна во вистински режим.Аболицираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието  во Република Македонија. Заев наместо да го осуди и побара оставка од Курто Дудуш, тој се обиде да го оправда за лишувањето од слобода, тепањето и малтретирање на граѓанин. Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат  безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство и да се  однесуваат шерифски и робовладетелски спрема граѓаните. Како е можно премиер на држава која претендира да биде дел од ЕУ да смета дека може да има добра причина за некој човек да биде незаконски затворен, малтретиран и измачуван од страна на функционер, прашуваат од опозицијата.

          Според нив, недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање.

      -  Таквото однесување  ниту е  демократско, ниту цивилизирано, а уште помалку е европско.Повеќе од  јасно е зошто обвинителството и полицијата се обидоа да го забошотат и прикријат случајот на Дудуш. Јасно е и зошто не се санкционирани и градоначалникот на Демир Хисар,  Марјанче Стојановски кој се закануваше на  граѓани дека ги прислушкува и следи, како и  заменикот министер кој предизвика сообраќајка и загрози човечки животи. Правосудството и полицијата се заробени од Заев, токму затоа беше и смешната и минимална казна за Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц на цигари. Насилниците и криминалците наместо да се санкционираат, тие добиваат поддршка од премиерот. СДСМ наместо да ги заштитува граѓаните, оправдува и поттикнува насилство врз нив  од страна на нивните пулени и функционери. Криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа разуздана банда на власт. Република Македонија со СДСМ е небезбедна држава и загрозени се  животите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

          Одговорност за ваквото однесување ќе има, бидејќи се  ближи денот кога оваа криминална власт ќе си замине,  а сите нивни функционери кои го прекршиле законот ќе одговараат за сите нивни злодела.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега