Национална конференција за рак на дојка

 

 

Денеска во Музејот на македонската борба ќе се одржи шестата Национална конференција за карцином на дојка. Конференцијата е организирана од Здружението за борба против рак „Борка“.

Според најавите, на конференцијата ќе присуствуваат претставници на Владата, странски дипломатски претсвништва во Македонија и експерти од здравствениот сектор.

Конференцијата е во рамки на активностите што ги организира „Борка“ по повод светската кампања „Октомври - месец на борба против рак на дојка“.

Во текот на месецов ќе се одржат и Ден на здрави дојки, ВИП донаторска забава за собирање средства за помош на жените во социјален ризик кои примаат хемотерапија, како и Розов караван низ градовите во Македонија, а ќе биде издаден и Водич за пациенти со карцином на дојка.

07.10.2013 - 09:21

најчитано сега