Почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во македонското Собрание од денеска стартува расправата по ребалансот на буџетот за оваа година. За предложениот ребаланс со кој се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на МОН ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет. 

Предлогот предвидува во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да се додадат 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни и 430 милиони денари во МОН за опремување лаборатории.

Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.

Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која оди добро и во првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари предвидената реализација.

Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година нема позначајни промени.

07.10.2013 - 09:05

најчитано сега