ВМРО-ДПМНЕ: Оваа влада на Заев е најнеспособната досега, реализацијата на капитални инвестиции е на срамно ниво

 

„Со СДСМ зборот не важи, туку зборот лажи. Оваа влада на Заев е најнеспособната досега“ велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението од СДСМ во кое велат дека растат ивестициите.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека реализацијата на капитални инвестиции од 13.7% за првите 5 месеци е срамно и невидено ниско досега.

„Мизерната реализацијата на капиталните инвестиции од страна на СДСМ говори за нивната неспособност, неработа и некадарност да го реализираат тоа што самите го предвиделе.

Доколку СДСМ продолжи со ова темпо да „работи“ капиталните инвестиции за целата 2019 година нема да достигнат ниту 30% што ќе биде убедливо најлошата година во Република Македонија. 

Државата со СДСМ во изминативе две години буквално стагнира, ништо не се гради и нема никакви нови проекти. Нивната неспособност оди до таму што не можат да ги завршат проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна, а не можат ниту да ги пуштат во употреба готовите проекти кои им ги остави  владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Нема 600 километри нови патишта, нема 550 километри нови магистрални патишта, нема  студентски град, нема нови факултети, нема нови училишта, а нема ниту нови болници и новиот Клинички центар.

Република Македонија повеќе не смее да стагнира. СДСМ и Зоран Заев докажаа дека не можат да реализираат апсолутно ништо во корист на граѓаните. СДСМ и Заев мора да си заминат“ се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега