СДСМ: Напредокот кон НАТО продолжува, 19 земји членки го ратификуваа Протоколот

 

Продолжува напредокот кон полноправно членство во НАТО алијансата, велат утринава преку соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека Унгарскиот парламент едногласно со 153 гласа „ЗА“ го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз НАТО.

„Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Темпото со кое државите-членки го ратификуваат Протоколот потврдува дека наскоро нашата држава станува 30 земја членка на НАТО.

Се остварува децениски национален и државен интерес.

Приклучувањето во НАТО покрај безбедноста и сигурноста, носи и економски придобивки, повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.

Како државотворна и одговорна партија остануваме посветени на остварување на врвните национални и стратешки интереси како што е интеграцијата во ЕУ и НАТО“стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега