СДСМ: По 11 години режим на Груевски со нас нема заташкување случаи

 

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Курто Дудуш бил градоначалник пулен на Заев, па затоа Обвинителството се правело слепо и глуво за него.

 

- Градоначалникот пулен на Заев кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин во својот кабинет, го штити Заев кој што молчи за целиот скандал, но и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за целиот случај наместо пријава го завериле како поплака. Пет дена поминаа, а во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудио снимката во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин. Патем во Јавното обвинителство два дена се уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, кој знае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува, вели Стоилковски.

 

На ова од СДСМ денеска одговараат дека одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

- 11 години режимот на Никола Груевски контролираше се, ВМРО-ДПМНЕ создаде криминален систем со кој го штитеше криминалот и криминалците во своите редови. Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа. Денес законите важат еднакво за сите и  секој за кој ќе се докаже дека е виновен сноси одговорност согласно законските норми. Уште една лага во низата кои ВМРО -ДПМНЕ секојдневно ги шират е и наводното фалсификување на записник од страна на министерството за пријавен случај за физички напад  за што МВР веднаш излезе со демант. Напротив, преземени се сите мерки и активности за расчистување на случајот со објавената аудио снимка и по комплетирањето на сите потребни докази ќе се поднесе соодветен поднесок до надлежното обвинителство, велат СДСМ.

 

Претходно, осуда за насилство беше упатена и од претседателот на СДСМ, Зоран Заев  и од самата партија,  а воедно беше упатен и  повик истражните органи да утврдат дали и каква одговорност постои.

 

- Ако порано полицијата под директива на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, служела за заташкување на кривични дела, режирање на апсења и случаи, одмазди и притисоци, денес на само две години од владеење на СДСМ тоа е минато. Надлежните ограни денес работат транспарентно согласно позитивното право и закони, во заштита на правата и безбедноста на граѓаните, завршуваат во реакцијата СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега