Пандев асистент на два гола

 
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше асистент на два гола на синоќешниот натпревар меѓу Наполи и Интер, а дуелот заврши со резултат 3:1 за Наполи.
 
Стрелец на трите гола беше Единсон Кавани во 3.минута (асистенција Пандев), 33.минута (пенал) и 78.минута (асистенција Пандев). Нашиот репрезентативец беше заменет во 85.минута со Инсиње.
Голот за Интер од пенал во 23.минута го постигна Алварез.
 
Јувентус со победата во 35.коло од 1:0 против Палермо ја обезбеди титулата на три кола до крајот. За екипата од Торино ова е 29.та титула.
 
Табела: Јувентус 83 бодови (првак), Наполи 72, Милан 65, Фиорентина 61, Рома 58, Удинезе 57, Лацио 55, Интер 53,... 
 
ФОТО: 24 фудбал