„Алфите“ во септември уапсиле 364 лица

Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“, во текот на септември, вкупно легитимирале на 815 лица, прегледале 99 возила и привеле вкупно 364 лица.

 

По основ на телеграма, „Алфите“ привеле 30 лица, по основ на Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 23 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 66 лица, по извршено кривично дело – 39 лица, на лице место во вршење на кривично дело – 12, за издржување на казна затвор – две лица, за утврдување на идентитет – 24 лица, странски државјани со нерегулиран престој – петмина и за држење недозволени предмети – две лица.

41 лице биле приведени поради прекршување на јавниот ред и мир, две лица биле фатени со оружје, а 78 лица завршиле во притвор поради поседување дрога.

Останатите приведени биле со товарни или патнички возила, а немале соодветна документација или сториле сообраќаен прекршок. „Алфите“ уапсиле и лица кои биле барани поради извршени кривични дела.

„Алфите“ во текот на септември, вршеле претреси и во домови и други простории.

06.10.2013 - 13:07

најчитано сега