Честитка од Црвенковски за Велигден: Поминете ги празниците со мир во душата, љубов и верба во срцата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, арихиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници во Република Македонија по повод најголемиот христијански празник Велигден.

- Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден со искрени желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови, се вели во честитката.

- На крајот дозволете ми уште еднаш да Ви посакам Вам лично и на сите православни верници во Република Македонија да ги поминете велигденските празници со мир во душата, љубов и верба во срцата и во кругот на Вашите најблиски, стои во честитката од Црвенковски. 

најчитано сега