Уапсен првиот човек „Ал Каеда“

Во Либија е уапсен еден од најбараните осомничени терористи во светот. Се вели дека Абу Анас ал Либи и припаѓа на „Ал Каеда“ и е наводно одговорен за нападите врз американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998 година. Покрај него е убиен и лидерот на на „Ал Шабаб“ во Сомалија.

Абу Анас ал Либи бил уапсен во либискиот главен град Триполи.

Три автомобили го запреле неговото возило, го скршиле стаклото и го принудиле да излезе“, изјави неговиот брат за американската агенција Асошиетед прес.

Најверојатно станува збор за специјални единици составени од американски војници и припадници на ФБИ и ЦИА.

САД имаа распишано потерница по Ал Либи од 2000 година, и дури нудеа пет милиони долари награда за информации каде се крие. 

Истиот ден елитната американска единица „Нејви Силс“ имаше акција во Сомалија против терористичката група Ал Шабаб. Тие нападнале вила на Индискиот океан, каде имало престрелка која траела еден час а во неа е убиен водачот на Ал Шабаб, за кој се смета дека пред две недели изврши напад врз трговски центар во градот Најроби во Кенија, убивајќи над 70 цивили и кенијски војници.

06.10.2013 - 11:38

најчитано сега