Нимиц ќе побара одговор од Скопје и Атина пред јунскиот самит на ЕУ

 

На почетокот на месец јуни се очекува медијаторот Нимиц да побара одговор од Македонија и Грција за предлозите за спорот со името, пишува грчки Етнос.

Медијаторот Метју Нимиц на почетокот на јуни според весникот ќе побара одговор од Македонија и Грција за предлозите кои ги претстави на последната средба со амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис бидејќи медијаторот сака да добие одговор од двете страни пред самитот на ЕУ во јуни, јави дописникот на МИА од Атина.

- „Ако се случи тоа, комесарот Филе ќе може послободно да се движи, кој сака да врши што е можно поголем притисок врз Атина Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ“, пишува „Етнос“.

Според весникот, „Атина не планира категорично да го отфрли последниот предлог на Нимиц, но се очекува да бара што е можно пошироки промени за да се врати рамнотежата која треба да ја има предлогот за да се одржат надежите за постигнување договор“.

ФОТО:Дневник 

 

најчитано сега