15 годишно момче напаѓало жени низ Скопје

15 годишниот скопјанец Б.П. извршил еден куп кражби низ Скопје, заработувајќи си околу 61.200 денари.

Според информациите од полицијата, малолетникот од зад грб напаѓал жени низ скопската населба Ѓорче Петров, насилно грабајќи им ги ланчињата и чантите. Потоа, златниот накит го продавал по златари и парите си ги ставал в џеб. 

По истрагата на полицијата, бил извршен претрес во домот на момчето, каде била пронајдена црната облека која малолетникто ја носел кога ги напаѓал жените. Во златара “Уникат“, пак, лоцирана во населбата Порта влае, полицијата пронашла и привремено задржала златно ланче кое припаѓа на една од жртвите на Б.П. Ограбените жени го препознале својот напаѓач.

 

06.10.2013 - 11:13

најчитано сега