Исчезнаа 25 диви депонии - вредните битолчани денеска во акција

 

Јавните комунални претпријатија денеска исчистија 25 диви депонии во Битола. Во акцијата на чистење се вклучија и месните и урбаните заедници на општината. 

Битолскиот градоначалник Владимир Талески изрази благодарност за поддршката од градежните претпријатија како и на претставниците на граѓанските организации и здруженија заинтересирани за чисти и зелени површини.  

- Акцијата ја реализираме со цел во целост да се исчистат сите регистрирани диви депонии, но истовремено со локалното население поведуваме разговор за да согледаме зошто некои несовесни граѓани фрлаат отпад. Бидејќи граѓаните ни даваат поддршка ние ќе преземеме и други мерки и секој затекнат сторител што незаконски фрла смет ќе биде пријавен во надлежниот суд. Но, најдобро од се е да не се фрла смет и да не се загадува природната околина, бидејќи секое повторно чистење е трошок, инвестиција која може да се користи за зголемување на бројот на зелени површини, истакна Талески.

05.10.2013 - 14:57

најчитано сега