Ставрески: Капиталните инвестиции не се само бројки

Околу 520 основци од општина Петровец, за година и пол ќе влезат во нова училишна зграда. За изградба на училиштето ќе бидат потрошени 87,6 милиони денари кои се обезбедени преку проектот за поддршка за унапредување на општинските услуги, финансиран од Светска банка.

Потпис на договорот за изградба на училиштето денеска ставија градоначалникот на општината Петровец и изведувачот „Вардар градба“, во пристуство ба министерот за финансии Зоран Ставрески.

- Капиталните инвестиции не се само бројки. Капиталните инвестиции се всушност изградба на нови училишта, амбуланти, патишта, водоводи и канализации. По тој повод и денеска сме тука на потпишување на договор за изградба на ново основно училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец, рече Ставрески.

Вицепремиерот изрази задоволство што основците во Петровец конечно ќе добијат нов објект.

- Со денешното потпишување на договорот ќе почне реализацијата на едно ново училиште кое ќе го замени постоечкиот стар 50-годишен објект и на тој начин за над 520 ученици од општина Петровец ќе создадеме подобри услови за одвивање на наставниот процес, а за професорите и наставниците соодветни кабинети за реализација на наставата. Со изградбата на енергетски ефикасен објект ќе заштеди и општината. Проценките се дека заштедите ќе бидат околу 50 и 75 проценти, истакна Ставрески, додавајќи дека во Петровец се повеќе се подобруваат условите за живеење на граѓаните. Се реновираат училиштата, изградена е нова амбуланта, а во завршна фаза е и изградбата на новата спортска сала. 

05.10.2013 - 14:48
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk

најчитано сега