УЈП ги засили контролите - затворени уште 29 објекти

Управата за јавни приходи затвори осум објекти во Гостивар и 21 објект во Штип. Како што информираат денеска од УЈП, за два од затворените објекти во Гостивар е предвидена и глоба од 750 евра.

-  За останатите, меѓу кои има магацини на големо за градежни материјали, бензиска пумпа, ресторани специјализирани за свадби и други угостителски објекти, а кои прикажувале помал промет и до 50 проценти, изречени се глоби од 3.250 евра, информира денеска УЈП.

Од УЈП апелираат граѓаните задолжително да бараат фискална сметка, за да се се осигураат дека данокот кој го плаќаат како потрошувачи, нема да заврши во нечии приватни џебови.

 

05.10.2013 - 14:41

најчитано сега