Владата го усвои Законот за медијација - отсега побрзо и поекономично ќе се решаваат споровите

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска информираше дека Владата го усвоила Предлог законот за медијација со кој се предвидени крупни, суштински, сериозни реформи на правосудниот систем.

Законот, објасни Ѓорѓиев, е  изготвен врз основа на најдобрите светски практики содржи низа новини кои ќе им овозможат на граѓаните и компаниите многу поефикасно, побрзо и поекономично решавање на споровите. Со постапката за медијација, судовите ќе бидат растоварени за голем дел од постапките.

- Задолжително воведување на медијацијата пред судската постапка во определени случаи предвидени со материјалните закони, обезбедување субвенции од државата за одредени случаи на медијација, засилување на Комората на медијатори и формирање Одбор за медијација, се само некои од новините во законот, истакна Ѓорѓиев.

Според портпаролот на Владата, за да се биде медијатор ќе мора да се добие лиценца со претходно полагање испит во три дела. Освен испитот, потенцијалните медијатори ќе мораат да се докажат и во својата стручност, кредибилитет, способност и квалитет. 

Ѓорѓиев информираше дека законот предвидува максималното траење на медијацијата да биде 180 дена.

 

05.10.2013 - 14:15

најчитано сега