Реконструкција на неколку патни правци - внимавајте

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата денеска се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила. 

Патниот правец Р-504 Ресен - Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.

На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

За потребите за изработка на проектна документација за реконструкција на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза почна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино - Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е со зголемен интензитет поради празничните денови. Уште поголема фреквенција на движење се очекува денес во попладневните часови, поради што препорачуваме да се користат и други патни правци освен вообичаените.

На граничните премини можни се подолготрајни задржувања од вообичаеното време за влез и за излез од државата.

најчитано сега