ВИДЕО: Хаос, судири, пукање - српскиот народ му пресуди на Милошевиќ пред точно 13 години

Пред точно 13 години српскиот народ излезе на улици со цел да му стави крај на владеењето на тогашниот претседател Слободан Милошевиќ. Протестите се одржаа неколку дена низ улиците на Белград, поради непризнавањето на претседателските избори. На 5 октомври 2000 годинана улиците на Белград се собраа стотици илјади луѓе од цела Србија.

Дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантите при што беше употребено и огнено оружје. По разговорот меѓу командантот на Белградската полиција и претставници на ДОС, членови на полициската станица го оставија оружјето и се приклучија на демонстрантите. 

Полицијата употреби солзавец во близина на Радио-телевизија Србија. Зградата на РТС, беше запалена , па телевизијата извесно време н е емитуваше програма. Народот влезе во Сојузното собрание.

05.10.2013 - 13:31

најчитано сега