Трајановски: Град Скопје да одлучува кога ќе почне грејната сезона

Градот Скопје ќе се ангажира за да си ги врати ингеренциите да одлучува за порано почнување на грејната сезона.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска посочи дека Советот на Град Скопје за ова разговарал повеќепати и допрва ќе го разледува.

- За оваа работа се дискутирало и сигурно ќе биде една од нашите активности во следниот период, рече Трајановски кој присуствуваше на акцијата „Читај книга и подари здравје“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“

05.10.2013 - 12:57
Фото: 
денешен.мк