Нов бран жештини - метеоролозите со нови најави за неделата пред нас

Последните анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека и тоа како да спремате за плажирање во текот на новата недела која што ни претстои. Од југ кон нашата територија ќе продре уште потопла воздушна маса од оваа што ја имаме во моментов и истата ќе услови понатамошен значителен пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 30 степени додека во централните и во југоисточните предели особено од средината на неделата истите се очекува да се искачат до околу 40 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови, во попладневните и вечерните часови пак поради загреаната атмосфера исполнета со енергија ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за локална појава на град. УВ индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент од 10 до 11, па поради ова доколку излегувате со себе задолжително да си понесете заштитна опрема односно капа и очила за сонце. Се препорачува и да се пијат повеќе течности, старите и изнемоштени лица пак без потреба да не излегуваат од своите домови во најтоплиот период од денот поточно од 10 до 17 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2019 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега