3000 евра казна за земјоделците кои ќе ја пасат стоката на туѓа нива

Државата ќе донесе закон кој предвидува земјоделците кои чуваат стока на државата да и плаќаат годишен надомест за да користат државно пасиште. 

Новиот закон предвидува казна од 1500 до 3000 евра за секој земјоделц кој ја напасува стоката на туѓа нива односно доколку немаат склучено договор за концесија. Земјоделците ќе плаќаат казна и доколку узурпираат или разоруваат пасишта кои се во државна сопственост.

Како што информираат од земјоделската инспекција, досега имало неколку случаи кога пасишта им биле доделени на лица што воопшто не биле регистрирани како сопственици на крави, овци или на друг добиток

Со измените на законот, се дефинираат времетраењето на договорот, кој може максимум да биде до 10 години, начинот на водење регистар на пасишта во државна сопственост, забраните за разорување и узурпација на пасиштата и прекршочните одредби.

Покрај глобата, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење дејност во траење од една до три години.

05.10.2013 - 12:39

најчитано сега