Земјотрес го стресе тлото на Македонија

Земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 2:10 часот на четири километри западно од Охрид, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа ноќва во 2 часот и 10 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа четири километри западно од Охрид. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.4, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа одржувана од Сеизмолошката опсерваторија има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2019 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега