Ја искршиле од ќотек за 20.000 денари

Вчера попладне околу 19:15 часот, три лица ја претепале и ограбиле 56 годишната штипјанка О.П.

Според информациите на полицијата, тројцата разбојници ја нападнале О.П. за да и го украдат паричникот во кој имала околу 20.000 денари и лични докуманти. Разбојниците крвниччки ја претепале жената, која подоцна била пренесена во штипската Клиничка болница. Поради тешките повреди жената била задржана на лекување. 

Штипската полиција привела три лица кои се осомничени дека го извршиле разбојништвото. 20 годишниот А.М. е задржан за понатамошна постапка. Кај приведените, информираат од МВР, биле пронајдени дел од парите и женскиот паричник на штипјанката. ПОлицијата најавува соодветни пријави за напаѓачите.

 

05.10.2013 - 12:17