Велика Британија: Политичар обвинет за силување тинејџери

 

Полицијата во Лондон го приведе потпретседателот на Долниот дом на британскиот Парламент Најџел Еванс.

Високиот функционер е обвинет дека силувал двајца тинејџери. Според британските медиуми, 55-годишниот Еванс се товари дека во периодот меѓу јули 2009 и март 2013 нападнал и слувал две момчиња во неговото родно место Пенделтон.

Инаку,  Еван неодамна јавно призна дека е хомосексуалец.

најчитано сега