Инспекторите пред пензија ќе бидат ослободени од испит

Инспекторите на секоја шеста година ќе треба да полагаат испит и да се стекнат со сертификат, а оваа обврска нема да важи само за оние кои имаат уште пет години до пензија/

Ова се дел од предложените измени на Законот за инспекциски надзор кои во вид на амандмани во текот на вчерашниот ден се поднесени од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до македонското Собрание. Овие измени се последица на прифатените забелешки од страна на Синдикатот на УПОЗ при Сојузот на синдикати на Македонија.

- Со тоа ќе им излеземе во пресрет на оние што се пред пензионирање, да не стравуваат дека овој закон се носи со цел да се прави некаков политички реваншизам или да се направи што е можно поголем број од инспекторите да го изгубат своето работно место. Напротив, овој закон се носи за да постави уште посилна конкуренција меѓу инспекторите, а оние кои совесно ја извршуваат својата работа, да бидат наградени, истакна денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски, на заедничка прес-конференција со Сојузот на синдикати на Македонија, додавајќи дека очекува очекува реформата да биде позитивно прифатена од инспекторите.

И Синдикатот е задоволен од успешно завршените преговори со Министерството за информатичко општество.

- Бевме уверени дека овој закон е реформски и на некој начин добар и за инспекторите и нуди гаранција на нивните рабони места и што е најважно успешните ќе бидат наградени. Поаѓајќи од тие позиции за Синдикатот на УПОЗ новите решенија се прифатливи, а ова е убав пример за понатамошна соработка со социјланиот партнер бидејчи ни претстојат и други закони во оваа област, вели претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски.

Надлежните најавуваат надополнување на кадровскиот потенцијал на инспекторатите, имајќи ја во предвид старосната граница на инспекторите. 

 

- Работа на Инспекцискиот совет е да оцени каква е кадровската екипираност на секој инспекторат поединечно. Од тие причини кога Инспекцискиот совет ќе утврди, а и директорот на инспекторатот е свесен за тоа, ќе достави предлог до Владата да се одобри освежување на бројот на инспектори и тоа ќе биде направено, рече заменик-министерот за информатичко општество Марта Томовска - Арсовска.

Во моментот, со најголем недостиг наа инспектори се соочуваат Пазарниот инспекторат и Инспекторат за Управата за јавни приходи. 

05.10.2013 - 12:07
Фото: 
mio.gov.mk

најчитано сега