„Тим од Саудиска Арабија е виновен за хемискиот напад во Сирија“

 

Според руските дипломати нападот со хемиско оружје во август во предградието на Дамаск го извршил тим од Саудиска Арабија кој е задолжен за тајни операции.

„Врз основа на податоци од повеќе извори може да се направи целата слика. Злосторничката провокација во предградието Гута ја извршил тим кој Саудијци го испратиле преку Јордан и кој делувал со поддршка на групата Лива ал-ислам“, изјавил неименуван извор за руски медиуми.

Групата Лива ал-ислам е една од исламистичките вооружени групи кои дејствуваат близу Дамаск, а шеф е син на еден саудиски исламистички свештеник. Таа група презеде одговорност за напад врз локација на која во јули 2012 година се одржуваше таен состанок на сириската Влада во Дамаск, а во кој беа убиени неколку официјални лица.

Како штo пишуваат руските медиуми, заговорници на таа идеја тврдат дека разузнавачки служби во Ријад сакале со тајна операција да испровоцираат американски наапди врз Сирија. Тие наводи се дел од низа поранешни извештаи кои укажуваат дека Саудиска Арабија го организирала нападот со нервен гас Сарин заради кој САД биле подготвени за воена акција против сириската Влада.

05.10.2013 - 11:10

најчитано сега