Новите насилства во Египет го загрижија Бан Ки-Мун

 

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост заради новите насилства во Египет. Како што изјави неговиот портпарол Мартин Несирки тој ја нагласил неопходноста демонстрациите да бидат мирни, да се почитува слободата на собирања и ненасилство.

Бан одново настојува за политички процес во кој ќе бидат вклучени сите, почитување на правата на човекот вклучително и за приведените.

Вчера за време на исламистички демонстрации во Египет, беа убиени четири лица. Нови демонстрации се очекуваат и утре.

05.10.2013 - 10:28

најчитано сега