Не очекува убав и сончев ден - искористете го за прошетка

Денеска не очекува сончев период со слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус два и со дневна до 18 степени.

Утре времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните подрачја ќе има услови за локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 16 до 23 степени.

Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и потопло време со локален дожд.

05.10.2013 - 10:06

најчитано сега