Најстудено утро оваа есен - будење на минус 4

Утре времето ќе биде постудено и понекаде магловито наутро,а  во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од -4°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°C до 25°C, објавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во недела во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 0°C до 9°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 12°C до 23°C.

04.10.2013 - 23:20

најчитано сега