Државни вработувања во живо на МРТВ

Јавно извлекување на 1600 социјалци кои ќе бидат вработени во Македонски шуми. Во недела во 17 часот на медиумите ќе се врши рангирањето на над 20.000 кандидати кои поднеле апликација за вработување на огласот кој го распиша Владата.

 „Во периодот меѓу 17 и  20 часот изборот ќе биде извршен од компјутерски електронски софтвер кој ќе содржи податоци за апликантите собрани на три начини заради обезбедување транспарентност и правичност на процесот. Првиот вид се податоци кои самите апликанти ги навеле во обрасците што ги имаат доставено до ЈП „Македонски шуми“. Вториот вид се податоци со кои располагаат државните институции (УЈП, ФПИОМ и Агенција за вработување), а кои се обезбедуваат по службена должност и третиот тип се собрани од специјализирани тимови на институциите кои извршиле теренски посети на поедини апликанти за да ја утврдат веродостојноста и точноста на наведените податоци“, изјави Георгиев..

Изборот ќе се врши согласно објавените критериуми и опфаќа четири групи на лица - долгорочно невработени, лица од многудетни семејства, самохрани родители и лица од семејства каде нема ниту еден вработен. За секоја од овие категории се предвидени по 400 вработувања, а во сите ќе има лица од сите образовни структури.

- На овој начин со вработување на 1.600 граѓани од социјално ранливи категории Владата исполнува едно ветување и заради специфичната ситуација и положба на овие лица на пазарот на трудот и отежнатите можности за вработување дава поддршка за нивно вработување. Тоа е на линија на социјалната правда и правичност за вработување на овие лица. На тој начин им помага да обезбедат лична егзистенција, егзистенција за своите семејства и да биде задоволена социјалната правда и правичноста коишто се и уставни категории во Република Македонија, рече Ѓорѓиев.

Лицата кои ќе бидат најдобро рангирани ќе бидат обајвени со име и презиме, а потоа ќе бидат и писмено известени за резултатите. Во целиот процес се почитува правичната застапеност на етничките заедници. Лицата кои нема да бидат задоволни ќе имаат можност за жалба до Второстепена комисија. Дел од овие 1600 лица ќе останат да работат во Макеоднски шуми, а дел ќе бидат прерасределени во институциите каде има потреба од нови вработувања.

04.10.2013 - 21:51

најчитано сега