Украдени чанти во вредност од 300.000 евра во Токио
Дамски чанти и свилени шалови во вредност од 300.000 евра беа украдени денеска од една луксузна продавница во Токио.
Еден такси возач кој во моментот на грабежот се нашол на местото на настанот го опишал инцидентот.
- Крадците со автомобил удрија во металната решетка на продавницата по што ја ограбија, изјави такси возачот.
Тој веднаш ја информирал полицијата која пристигнала и констатирала кражба на 21 чанта и три свилени шалови на позната француска марка.
04.10.2013 - 16:29