Повторно истече радиоактивна вода од „Фукушима“ во Тихиот океан
Истекоа околу 430 литри радиоактивна вода од резервоар на оштетената нуклеарна централа „Фукушима“, при дел од неа се излеала во Тихиот Океан.
Иако не е утврдено колкаво количество радиоактивна вода истекло во океанот, јапонската Влада соопшти дека ситуацијата е „под контрола“.
Радиоактивната вода во овие контејнери содржи 580.000 бекерели радиоактивни супстанци на литар, меѓу кои стронциум 90. Законски дозволената граница за стронциум 90 е 30 бекерели на литар.
Според медиумите, водата вчера се излеала од еден од 1.050-те резрвоари, кој по грешка бил преполнет.
Јапонската Влада минатиот месец најави дека ќе вложи стотина милиони долари за изградба на заштитен ѕид околу „Фукушима“, со цел да се запре истекувањето на радиоактивна вода.
04.10.2013 - 16:16