"Ако некогаш го пронајдеш срцето јави се" - татко и кажа згогум на ќерка си која се откажала од синот хомосексуалец

 

На интернет се појави неверојатно писмо каде таткото се пресметува со одлуката на ќерката да се откаже од својот син откако тој и признал дека е хомосексуалец.

Прочитајте го писмото на овој Дедо на годината...

 

Драга Кристина,

Се разочарав во тебе како ќерка. Во право си кога велиш дека срамот ни влезе во куќата, но јас мислам дека си ги згрешила кој го претставува срамот.

Да го исфрлиш Чед од дома само затоа што кажа дека  е геј е грозно! Родител кој се откажува од своето дете е против природата!

Единствена интелегентна работа која од тебе ја слушнав во овој случај е дека „ти не си го одгледала својот син за да биде геј“. Секако дека не си. Тој така е роден и тој тоа не го избра токму како што не може да избере ни да биде левак. Напротив, ти си избрала да бидеш преполна со предрасуди и назадна. И така, додека си ти во ситуација да се откажеш од своето дете, мислам дека дојде моментот да ти кажам збогум. сега имам убава можност да го одгледувам својот внук и навистина немам време за својата нечувствителна ќерка.

Ако некаде некогаш го пронајдеш своето срце, јави ни се.

 

Твојот татко

04.10.2013 - 15:42

најчитано сега