Ердоган ќе се кандидира за претседател?
Доколку Партија на правдата и развојот побара, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е решен да се кандидира на претседателските избори идната година.
Ердоган е во турската политика цели десет години и според статусот на партијата на следните избори во 2015 година неможе да се кандидира повторно за премиер.
„Имаме систем во партијата и тој систем се базира на консултации. Најважниот дел од оваа консултација во овој момент е мојата партија. Што и да побара мојата партија , што и да сака од мене, ќе се потрудам да го направам“, истакнал тој.
04.10.2013 - 15:39