Гневните демонстранти запалија црква во Кенија
Полицијата во Кенија денеска употреби солзавец во растерувањето на демонстрантите кои протестираа поради убиството на локален муслимански верски лидер и на тројца негови соработници. Во текот на немирите демонстрантите запалиле една црква.
Од полицијата соопштија дека четири лица, меѓу кои и радикалниот верски лидер шеик Ибрахим Омар, биле убиени минатата ноќ од страна на група вооружени напаѓачи во Момбаса.
Убиството на шеикот Омар уследи десетина дена по нападот на припадници на сомалиската ислмистичка група Ал Шабаб врз трговски центар во Најроби, при што загинаа најмалку 67 лица.
Приврзаниците на Омар тврдат дека тој е само една од жртвите во серијата убиства на муслимани од страна на безбедносните сили, извршени по инцидентот во Најроби. Кениските власти ги негираат ваквите тврдења.