Третата верска конференција од 10-ти до 12 мај во Скопје

 

Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог ќе се одржува од 10-ти до 12 мај во Скопје.

Темата ќе биде „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.

Со Третата светска конференција ќе бидат одбележани три јубилеи на значајни настани: 1700 години од добивањето слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа „Дијалог меѓу цивилизациите“ во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир.

Владата на Република Македонија го поддржа  организирањето на Светската конференција за дијалог меѓу религиите и цивилизациите која, почнувајќи од 2007 година, се одржува на секои три години во организација на Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и со верските заедници во Република Македонија, како и со Министерството за надворешни работи. За разлика од првите две верски конференции кои се одржаа во Охрид, домаќин на годинашната е Скопје.

- Охридската порака за мир и соработка направи секоја година до денес да се одржуваат вакви регионални форуми на шефови на држави во регионот, под покровителство на УНЕСКО. Република Македонија има задоволство во 2013 година, кога се навршуваат десет години од Охридската порака за мир, да биде повторно домаќини на Регионалниот самит на шефови на држави и на Третата светска конференција,  соопшти Министерството за култура.

ФОТО:МИА

најчитано сега