Артета: Озил е важна алка во Арсенал

Играчот на  Арсенал, Микел Артета изрази задоволството од потегот на раководството во клубот да биде донесен Месут Озил.

- Озил е еден од најдобрите европски играчи за врска, а по само неколку одиграни натпревари се истакна како важна алка во Арсенал. Среќни сме што е наш соиграч и сите уживаме кога играме со него, а верувам дека и тој е задоволен од новите клупски колеги, изјави Артета.

Тој додаде дека стилот на игра на „Топџиите“ не е драстично сменет, но тоа што е ново кај нив е враќањето на самодовербата, а како што рече заслуга за тоа има и Озил.

Англиските медиуми не ја кријат имресионираноста од игрите на Месут Озил, за разлика од шпанските колеги кои одлуката на Реал Мадрид за продажба на германскиот репрезентативец ја оценуваат како непромислен потег.

Арсенал по шест одиграни кола е лидер на табелата во Премиер лигата со пет победи и само еден пораз.

04.10.2013 - 14:49

најчитано сега