Коприва – сите благодети на „лутото“ растение

Копривата е дводомна билка со големи корени. Стеблото е исправено и достига висина до 1, 1 и пол метри. Листовите се разгрануваат наспроти, срцевидни се, зашилени, пилести со кратки врвови.

Листовите се покриени иглички кои се на врвот кукасти, а на дното дебели. При допир се кршат и изливаат остар сок на кожата, кој создава сензација дека гори. Цветните гранчиња носат машки или женски цветови.

Копривата е камуфлирана и има зелени листови, а се оплодува со помош на ветерот. Плодот е мал. Служи и како индустриска и лековита билка.

Се користат листот, коренот и семето. Копривата е лек за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.

Поради своите прехрамбени и витамински вредности се смета за исклучително здрава, корисна и пристапна, секако и како лек. Исклучително е богата со корисни состојки: белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и друго

Копривата покрај останатото, прави и мал поливитамински резервоар. На нашата трпеза ретко се наоѓа, иако може да се применува на повеќе начини.

Расте крај патиштата, на ливади и на запуштени земјишта како коров.

Лековит дел на билката: за лек во пролет и есен се собираат корените. На пролет со собираат и листовите и стебленцата. А целата билка, т.е. може да се користи во текот на целата година. Семето се собира во август.

Лековито дејство: чајот од целата билка ја одвојува слута од белите дробови, го чисти желудникот, бубрезите и цревата, а воедно е и одличен лек за лечење на анемија, жолтица, маларија и сите други видови на трески, како и при честото мокрење, при што ги одвојува штетните сокови од телото.

Помешана со други билки лечи чирови на желудникот и цревата, ја чисти крвта, го подобрува метаболизмот, ја намалува вознемиреноста и несоницата. Исто така, добар лек е против водената болест, гихтот, болести на црните дробови, бубрезите и несвестицата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа