Ахмети се сретна со директорот на ИРИ: Оваа држава е заедничка и иднината треба да се гради заеднички

 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во Собранието се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и резидентниот директор на програмата Овен Паун. 

Господинот Макарти истакна дека ќе ја продолжи успешната соработка со Демократската Унија за Интеграција, при што ги презентираше програмите за развој на аналитичките центри на политичките партии, комуникацијата, транспарентноста и борбата против корупцијата. 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети се заблагодари за средбата и поддршката што Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и ја нуди на ДУИ и на граѓаните, во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата со цел создавање на издржлива база за новите генерации. 

Ахмети ја истакна потребата за „ветинг, како форма на проверка на носителите на јавни функции во земјата за да се придонесе во владеењето на правото, неселективната правда, борбата против корупцијата, поголема транспарентност  и да ги спречиме шпекулациите и клеветите.  

Тој ја истакна и потребата за отстранување на предрасудите кои постојат во нашето општество, тој истакна дека оваа држава е заедничка и дека иднината треба да се изгради заедно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега