Средба Пендаровски-Гаши: Конструктивен политички дијалог за реализација на реформската агенда
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши.
На средбата беше посочена потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Македонија, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции.
Претседателот Пендаровски укажа дека сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога Македонија очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.
Претседателот на Алтернатива, Гаши упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа