Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека продолжува хајката против него како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека вчера му било врачено отказно решение од Министерството за земјоделие, а причината според него се спротивставени ставови со власта.
„Образложението на власта за мојот отказ е апсурдно, бидејќи со него како што се вели дека како главен наратор на прес конференциите како претставник на политичката партија сум нанесувал штета на врз угледот на институцијата во која работам и сум ја поткопувал довербата на администрацијата. Зоран Заев и Љупчо Николовски се занимаваат со политички реваншизам, наместо да ги решаваат проблемите на земјоделците и да го унапредуваат земјоделието“, рече тој.
На Николовски, додаде Трипуновски, му се потребни партиски послушници кои ќе ги премолчуваат и ќе замижуваат пред проблемите на земјоделците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа