Независна пратеничка група: Ние гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО
Денеска Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија господин Герберих, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија госпоѓа Галовеј и амбасадорот на Кралствто Холандија господин Пломп.
На средбата беше искажана нивна силна поддршка за нашите заложби да бидеме дел од понатамошните реформски процеси преку законски решенија, земајќи активно учество во нивно изготвување и подобрување.
На средбата беше разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка.
- Ние како опозиција гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО - се вели во соопштението на Независната пратеничка група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа