Скопјани пукале кон куќа во Арачиново

Вчера во 20 часот А.Р. од Скопје во полициска станица пријавил дека Ш.Б. и И.Б. исто така од Скопје кон неговата куќа лоцирана во Арачиново испукале три проектили.

 Од страна на полициски службеник било излезено на лице место и при обавениот разговор, А.Р.  изјавил дека причина за пукањето  било меѓусебно недоразбирање.

Од испуканите проектили нема повредени лица, а на местото на настанот е извршен увид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

најчитано сега