Конзулот на Сирија во Македонија се воодушеви од Кочани

Конзулот на Сирија во Македонија, Мезен Хамур, денеска престојуваше во работна посета на Кочани.

Конзулот Хамур се сретна со градоначаланикот на Кочани Ратко Димитровски. Тој се запозна со стопанскиот и економскиот развој на општината, како и со прокетите кои се во тек на реализација во делот на вложувањата на странскиот капитал.

- Прв пат престојувам во Кочани и сум воодушевен од градот и неговите постигања. Од градоначалникот Димитровски бев запознат со производството на ориз и напорите за квалитетно оризопроизводство, истакна Хамур.

03.10.2013 - 14:56
Фото: 
Утрински

најчитано сега