Ибрахимовиќ му испратил играчки и дрес на болното момче но не допатувал во Сараево!

Босанските медиуми кои денеска пишуваа дека Ибрахимовиќ пристигнал во Сараево за да му ја исполни последната желба на 8-годишно момче кое боледува од тежок облик на леукемија, сами се демантираа.

Дури откако е објавена информацијата дека Златан Ибрахимовиќ пристигнал во Сараево каде бил пречекан од страна на  преставниците на Фудбалскиот сојуз на БиХ, медиумите контактирале со раководните луѓе на аеродромот кои им објасниле дека фудбалерот денеска не допатувал во Сараево. Според новите информации на босанските медиуми, Ибрахимовиќ му испратил подароци и дрес на болното осумодишно детенце, но вработени во францускиот клуб ПСЖ потенцирале дека Ибрахимовиќ нема слободен термин за да го посети  момчето.

Инаку, малиот Хајрудин боледува од тежок облик на леукемија и му останува само еден месец живот, а последна желба му е да го види фудбалерот. Утринава босанските медиуми објавија вестдека фудбалерот слетал на сараевскиот аеродром, но за жал веста е демантирана.

03.10.2013 - 14:47

најчитано сега