Трогателно писмо од порно-актерка до нејзиниот нероден син
Поранешна порно-актерка напиша трогателно писмо до својот нероден син кое ја трогна светската јавност. Актерката по име Аурора Сноу го очекува своето прво дете, па затоа напишала писмо во кое му објаснува зошто започнала да се занимава со таа работа.
"Додека го пишувам ова, сеуште не си стигнал на овој свет, ќе се родиш дури во средината на декември. Но, кога ќе го читаш ова, веројатно ќе бидеш доволно голем да пребаруваш по интернетот, да ти се допаѓаат девојчиња и да дознаеш за името Aurora Snow. Од тој ден се плашам веќе повеќе години и се надевам дека ова ќе го прочиташ пред да налеташ на фотографии или снимки кои твојата мајка ја прикажуваат на начин на кој никогаш не сакав да ме видиш. Дозволи ми да ти објаснам.
Мајка ти растеше во голема сиромаштија. На почетокот на 2000 години оден на универзитет, бев одличен студент, но постојано се гушев во студентски кредити. Фрустрирана дека нема да завршам факултет, барав низ весниците и наидов на оглас со големи букви: ДЕВОЈКИ ЗА ПОЗИРАЊЕ БЕЗ ОБЛЕКА – 2000$ НА ДЕН!
Не ми беше срам, а парите ми требаа. Не сакав да имам фамилија, а тогаш не сите имаа интернет, па бев сигурна дека ќе можам да скријам од моите родители и браќа.
Што можев да изгубам? Планирав да бидам во тоа околу година дена, да ги исплатам студентските долгови и да завршам со тоа. Но тоа не е баш така.”
“Ќе бидам искрена со тебе. Во својата порно кариера направив се што може да се замисли, и ако доволно копаш, ќе најдеш нешта кои се грозни. Се надевам дека нема да ги најдеш тие гадни работи....
Сепак, во животот на порно-актерката се случил пресврт кога нејзиниот брат доживеал сообраќајка при што таа морала да ги чува своите внучиња. Запознала маж, кој исто така бил во шоу-бизнисот и сакал да основа семејство.
- “Сине, се надевам дека ова писмо ќе ти помогне да разбереш и ќе те спречи да кликнеш на моите XXX видео линкови. Изборите кои ги правиме можат засекогаш да го изменат нашиот пат на начин кој тогаш не го ни разбираме. Без оглед на тоа што тогаш го мислев, тоа се избори кои сега му ги објаснувам на моето дете. На крајот се се сведува на избор. Затоа запамти дека кога го правиш својот избор и носиш крупни одлуки во животот запрашај се: Можам ли со тоа да живеам? Мојот одговор е во ова писмо и се надевам дека говори сам за себе”, завршува Аурора во писмото.