Џорџ Клуни си ќари Хрватица

Еден од најпознатите и најшармантните светски ергени, актерот Џорџ Клуни, повторно е во врска и тоа со Хрватица.

Како што пренесуваат хрватските медуими, 52-годишниот актер започнал врска со 34-годишната хрватска маникенка Моника Јекшиќ која во 1997 година ја освоила титулата за Мис на Хрватска.

- „Џорџ и јас се слушаме и дружиме. Јас него го обожавам, тој е супер човек. Сака да се шегува, има големо срце, шармантен е. Тој е вечен ерген, но ако еден ден реши да се жени и дојде кај мене со прстен, јас не би му рекла не“ – рекла Моника за хрватскиот весник Дневник.

03.10.2013 - 14:34

најчитано сега