Ибрахимовиќ пристигнал во Сараево за да ја исполни последната желба на момченце кое умира

Приказната за малото момченце од Сараево кое боледува од леукемија и на кое му останува само уште еден месец живот допре до срцата на целата јавност, па и до фудбалерот Златан Ибрахимовиќ кој на малото момченце ќе му ја исполни неговата последна и најголема желба.

Како што пренесуваат сараевските медиуми, Ибрахимовиќ веќе пристигнал во Сараево каде бил пречекан од страна на  преставниците на Фудбалскиот сојуз на БиХ, за да му ја исполни желбата на осоугодишното момченце кое боледува од тежок облик на леукемија, но семејството на малиот Хајрудин немоло информација за овој настан.

Ниту одговорните луѓе на аеродромот во Сараево не можеле да ја потврдат информацијата која сите босански медиуми ја пренесоа.

03.10.2013 - 14:24
Фото: 
Екипа.мк

најчитано сега