Во недела бидете и вие дел од Ѕвезденото небо на Тоше

Во недела ќе биде организиран музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ кој обожавателите го организираат петта година по ред. Хепенингот започнува во 19 часот и 30 минути на плоштадот Македонија.

- Дојдете да ја исполниме неговата желба, секоја година да не има во што поголем број. Заедно да се сеќаваме, пееме и да го славиме животот на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески. Тагата никогаш нема да запре, но неговата големина секогаш ќе ги грее нашите срца, соопшти фан-клубот на Тоше.

Во Домот на АРМ в сабота од 9 до 18 часот ќе биде организирана  и крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?".

Инаку, ѕвезденото небо се одржува секоја година на 5 октомври во сеќавање на последниот концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, одржан на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје. 

03.10.2013 - 14:11
Фото: 
Сител

најчитано сега